Connect with us

Ракомет

ВИДЕО: Сензација на Португалија, го прегази домаќинот Шведска

Селекцијата на Португалија е вистински хит на ЕП во ракомет. Откако обезбеди пласман во втората рунда, вечерва забележа убедлива победа од 35:25 против Шведска, која заедно со Австрија и Норвешка е кодомаќин на континенталниот собир.

Фераз, Силва и Магалаеш ја предводеа Португалија до победата со по шест постигнати голови. Петерсон и Нилсон на спротивната страна со почетири голови беа најефикасни.