Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Петти пораз на Јувентус, што се случува со најтрофејниот италијански тим?!

Јувентус имаше две победи во Серија А во низа, но го претрпе петтиот пораз во 14. меч. Старата дама остана на средината на табелата и со се помалку шанси да се бори за самиот врв.

Впрочем, сега во Торино се загрижени дали следната сезона ќе играат во Лигата на шампионите бидејќи веќе заостануваат седум бода зад четвртопласираната Аталанта.

Дополнително, неодамнешниот тежок пораз од Челзи во Лондон е само уште еден показател дека многу работи не се како што треба во Јувентус, а потврда често доаѓа на натпреварите од Серија А.

Голот на одлуката вечерва го постигна Дуван Запата во 28. минута. Интересно е што Колумбиецот успеа да постигне дури осум гола на 11 меча против денешниот ривал. Јувентус тогаш имаше посед на топката, напаѓаше, тргна на се или ништо, но Аталанта успеа да се одбрани. Во последните минути Дибала ја погоди гредата по одличен слободен удар.

Во трката за Скудетото сега се вклучи и тимот од Бергамо со 28 бодови, а напред се Наполи и Милан со по 32 и Интер со 28 бодови.

Интер вечерва гостува во Венеција, додека Милан утре од 15 часот го пречекува Сасуоло. Наполи во недела навечер ќе му гостува на Лацио во автомобилско дерби.

Претходно денеска се одиграа два натпревари. Сампдорија ја победи Верона со 3-1, а Емполи по пресврт ја победи Фиоретина со 2-1. Првиот натпревар во ова коло во петокот вечерта го одиграа Каљари и Салернитана и беше 1:1.