Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Шкендија го прегази Вардар и постави рекорд

Шкендија го прегази најтрофејниот македонски клуб Вардар со 6-1 во денешното „дерби“. Истовремено Шкеднија постави нова рекордна победа во меѓусебните пресметки со најтрофејниот македонски фудбалски клуб.

Беше изненадување кога Вардар преку Мирчевски дојде до предност, меѓутоа Шкендија потоа ја превзема контролата и постигна шест гола за убедлива победа. Головите ги постигнаа Рамадани, Дориев, Елези, Хебај и два пати стрелаше Ибраими.

Национална Арена „Тоше Проески“ во Скопје
Вардар – Шкендија  1:6 (1:2)
Стрелци: 11′ Мартин Мирчевски – 27′ (аг) Стефан Лазаревиќ, 34′ (п), 49′ Бесарт Ибраими, 55′ Љупчо Дориев, 69′ Рубин Хабај, 89′ Дашмир Елези
Судија: Марјан Гоцевски (Струмица)

Шкендија во следната рунда на ПМФЛ ќе биде домаќин на Силекс.