Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Шкендија со „петарда“ во дербито на колото против Македонија ЃП

Тетовска Шкендија на убедлив начин го реши дербито на 14.коло во Првата македонска фудбалска лига. На домашен терен со високи 5:0 ја совлада Македонија ЃП, во пресметка која до ова коло беше помеѓу лидерот и второпласираната екипа на табелата.

По само десет минути игра Елези погоди за 1:0, а во последните десетина минути од првиот дел Дориев и Ибраими погодија и најавија убедлива победа. Македонија ЃП успеа да го одржи овој резултат до финишот на мечот, а потоа за само три минути примија уште два гола. Најнапред Нафиу во 86-та погоди за 4:0, а конечните 5:0 ги постави новопечениот репрезентативец на Македонија, Тотре со гол во 89-та минута.



ПМФЛ – 14.коло

ШКЕНДИЈА – МАКЕДОНИЈА ЃП 5:0

СИЛЕКС – ВАРДАР 1:0

РАБОТНИЧКИ – ПЕЛИСТЕР 1:0

АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ – РЕНОВА 0:1

ШКУПИ – БЕЛАСИЦА 3:1

ТАБЕЛА: Шкендија 30, Шкупи 28, Македонија ЃП 26, Борец 22, Силекс 20, Струга Трум Љум 20, Вардар 19, Работнички 17, Ренова 14, Пелистер 12, Академија Пандев 10, Беласица 9.