Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Шокантна вечер за ПСЖ, не помогна ниту супер триото Мбапе, Меси, Нејмар, а потоа дојдоа и лоши вести

Кога беа објавени стартните состави на мечот Бриж-ПСЖ сите очекуваа францускиот тим да забележи убедлива победа. За прв пат сезонава од првата минута настапи супер триото Меси, Мбапе, Нејмар. Сепак, на крајот мечот заврши без победник 1:1, што е огромен бод за белгискиот тим. Поведе ПСЖ во 15-та минута преку Херера, а израмни Ванакен во 27-ма минута. Овој резултат остана до крајот на мечот. Освен тоа што триото на ПСЖ не се снајде најдобро заедно на теренот, францускиот тим имаше и шокантни вести.

Имено, Килијан Мбапе се повреди, а по мечот и тренерот Покетино призна дека не е добро.

 

-Не е добро. Мбапе го повреди зглобот, а имаше и порано проблеми со слична повреда. Во четврток се закажани дополнителни прегледи, па тогаш ќе знаеме повеќе информации, изјави Покетино.