Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Шоу на судијата Мос, Манчестер Сити слави

Вулверхемптон неочекувано денеска на „Етихад“ успеа да ги намачи фудбалерите на Манчестер Сити, но „Граѓаните“ успеаја да слават со 1:0.

Денеска се истакна судијата Џонатан Мос, кој имаше неколку клучни одлуки во резултатот.

На крајот од првото полувреме Мос најпрвин на чуден начин го исклучи напаѓачот на гостите Раул Хименез. Прво му додели престрого жолт картон за еден фаул на средината на теренот, а потоа уште еден жолт картон бидејќи Португалецот ја саботирал играта, односно му попречуваше на домаќинот да изведе слободен удар.

 

Во продолжение Вулверхемптон и со играч помалку успеваат да одолеат на нападите на „Граѓаните“, но потоа повторно на сцена стапи Мос.

Во 66 минута, Бернардо Силва шутираше, топката го удира во телото Жоао Мутињо, тешко е да се каже дали е пенал или не, но судија процени дека е да и досуди најстрога казна. Рахим Стерлинг беше сигурен реализатор.

Сити беше подобар денеска севкупно, имаше многу повеќе обиди од гостите, но впечаток е дека Мос им ги отежна работите на гостите, а многу им помогна на играчите на Сити.

Ова беше 12-та победа за Сити сезонава. Тимот на Пеп Гвардиола ќе остане на врвот и по ова коло со 38 бодови, додека Ливерпул има 34, а Челзи 33 со натпревар помалку. „Волците“ остануваат на осмото место со 21 бод.