Фудбал
ВИДЕО: Шпанија едвај се спаси – Шведска попушти во надополнувањето
Иако беа подготвени за славје, Шпанците им ја зедоа победата. Фудбалерите на Јане Андерсон примија погодок во надополнувањето, но сепак го задржа второто место, поради киксот на Романија.
Романија испушти три бода против Норвешка (1-1) и остана на третото место и со еден бод заостанување зад Шведска, а Малта загуби на гости кај Фарски Острови (1-0).
Израел очекувано ја надигра Летонија (3-1) за трета победа во рамки на групата Г, каде што настапува и Македонија.