Фудбал
ВИДЕО: Шпанија се спаси од Тбилиси, Олмо ја растажи Грузија во 92. минута
Шпанија се измачи на гостувањето во Тбилиси и запиша прва победа во квалификациите за Светското првенство против Грузија (1-2).
Кварацкелија во 44. минута прими одлична топка во празно и со мајсторска реализација го отвори резултатот.
Данска му даде осум голови на тимот на Молдавија, и убедливо го порази, додека Англија со 0:2 го совлада тимот на Албанија во Тирана.
Во нашата група Ерменија го изненади Исланд (2-0) и се израдува на свој терен. Поранешниот вардарец Барсегјан го отвори противникот, а го докрајчи Бајрамран во завршницата.
Одличната форма ја потврди Англија на гостувањето кај Албанија (0-2).