Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Што го налути Мбапе? Прославата на голот предизвика разни коментари

Фудбалерите на ПСЖ синоќа го совладаа Марсеј со 3:1 во големото дерби во рамките на француската Лига 1.

ПСЖ докажа дека доминира во Франција и тешко дека некој ќе успее да ги следи, но игрите во Европа се тотално спротивни.

Во центарот на вниманието по синоќешниот натпревар се најде Килијан Мбапе кој даде еден гол и промаши пенал.

Мбапе во финишот на првото полувреме ја затресе мрежата на Марсеј за водство од 1:0, а потоа следуваше прославата за голот за која сите зборуваат.

На неа се гледа дека Мбапе и тоа како е лут, а тоа најверојатно е поради жестоките критики кога ПСЖ испадна од Лигата на шампионите.

Од Мбапе синоќа не ја видовме неговата традиционална прослава, па многумина веднаш разбраа дека нешто не е како што треба во редовите на ПСЖ.