Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Што ли ќе каже Зидан? Напаѓачот замина од Мадрид пред неколку дена, а сега постигна два гола на првиот меч во новиот тим

Што ли ќе каже Зинедин Зидан? Напаѓачот Лука Јовиќ, кој пред само неколку дена го напушти Мадрид и пристигна на позајмица во Ајнтрахт Франкруфрт, од каде направи трансфер во Реал, на првиот меч постигна два гола.

Ајнтрахт Франкфурт славеше со 3:1 против Шалке, а два од три гола беа дело на Јовиќ. Напаѓачот во игра влезе при резултат 1:1, а потоа постигна два гола и донесе победа на Ајнтрахт.