Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Што му требаше ова на Обамејанг, му „украде“ чист гол на својот соиграч

„Топчиите“ успеаја да стигнат до нови три бода пред своите гледачи, а решавачкиот момент на натпреварот се случи во 56. минута кога Смит Роу го постигна единствениот гол на натпреварот Арсенал-Ватфорд.

Арсенал можеше да слави поубедливо, но Пјер-Обамејанг беше виновникот што тоа не се случи.

Обамејанг најпрвин промаши пенал во 36. минута од средбата, а потоа повторно беше во центарот на вниманието во 74. минута поради неверојатен потег.

Одегард имаше одлична шанса и шутираше во голот, а потоа топката ја допре Аубамејанг кој беше во очигледен офсајд поради што судијата оправдано го поништи тој гол.

Секако дека ова е глупав потег од Обамејанг, бидејќи очигледно беше дека шутот на Норвежанецот ќе заврши во мрежата на гостите.