Други спортови
ВИДЕО: Што прави најдобриот македонски каратист во самоизолација?!
Многумина ги послушаа советите на властите па останаа дома во 14 дневна самоизолација. Еден од нив е најдобриот македонски каратист Емил Павлов. Тој одлучи, наместо во сала, да тренира во дворот во домот.
Целиот тренинг го сними, а секако ова нека биде мотив и за останатите спортисти и граѓани на Македонија, во услови кога постојано има апели да се остане дома и да се придонесе во спречувањето со ширењето на коронавирусот.