Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Што се случува на тренингот на Шпанија?

Репрезентацијата на Шпанија го отвори Мундијалот со реми против Португалија (3:3), но покажаа добра игра иако останаа без селектор два дена пред почетокот на Мундијалот.

Шпанскиот сојуз ги шокирал сите кога на Лопетеги му врачи отказ на само два дена пред почетокот на Мундијалот во Русија, а на неговото место застана Фернандо Јеро.

На Шпанците сите им предвидуваа пропаст, но тие против Португалија одговорија со добар игра.

Исто така, доста се зборуваше дека во екипата на „Црвената фурија“ владее лоша атмосфера, но тоа го демантираа на денешниот тренинг.

Јасно се гледа дека атмосферата е на завидно ниво, иако на многумина не им е баш јасно што прават на тренингот.