Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Што се случувало помеѓу Клоп и тренерот на Барнли во тунелот?!

Ливерпул загуби на домашен терен од Барнли со 0:1, па така падна на четвртото место на табелата. Лоша серија има актуелниот првак, кој се чини дека го губи здивот во трката за одбраната на титулата. Битката на теренот беше голема, но имаше и мала пресметка помеѓу двајцата тренери Јурген Клоп и Шон Дајч.

По мечот Дајч само кусо искоментира дека двајца менаџери се „тепаа“ за да победат и дека си кажале неколку работи, меѓутоа ништо страшно не се случило.