Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Шведска освои бод, Шпанија без муниција

Селекциите на Шпанија и Шведска ги поделија бодовите, откако во Севиља одиграа реми од 0-0 во вториот натпревар од групата Е. Шпанија и Шведска го одиграа најнеефикасниот меч досега на ЕП

Мечот се одигра на „Ла Картуха“ во Севиља, а шпанскиот национален тим иако доминираше не успеа да го освои целиот плен.

Алваро Мората ја имаше најдобрата шанса во првото полувреме, но неговиот удар заврши покрај голот на Робин Олсен, по што веднаш на спортивната страна Александар Исак шутираше и го совлада голманот, но топката од еден одбранбен фудбалер се одби во стативата.

Но и Шведска имаше свои моменти. Во првото полувреме Исак имаше прекрасна можност, a неговиот удар го изблокира Љоренте, потоа и Маркус Берг промаши од неколку метри.

По долгото надополнување, Швеѓаните се одбранија и освоија голем бод во првото коло на Европското првенство.