Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Сите бараа пенал, а потоа следеше бомбата на Хакан Чалханоглу

Во тек е натпреварот од 3.коло од групната фаза на Лигата на шампионите меѓу Интер и Барселона.

Гостите дојдоа како благи фаворити, но на теренот не изгледа така, а двете екипи имаа неколку одлични шанси во првото полувреме.

Барселона имаше блага иницијатива на теренот, но не успеа да ја искористи и да постигне гол за водство.

На другата страна, Интер, мошне трпеливо ги чекаше своите шанси и на крајот успеа една од приликите да ја претвори во гол.

Прво, откако топката удри во еден од играчите на Барселона, домашните играчи побараа пенал, но судијата не се огласи.

Додека повеќето играчи на Интер бараа пенал и протестираа до судијата, топката дојде до Хакан Чалханоглу, кој постигна прекрасен гол.

Силно, но и многу прецизно шутираше Чалханоглу, а голманот на Барселона немаше шанса да го одбрани неговиот удар.

Голот на Чалханогулу можете да го погледнете ТУКА.

Сигурно е дека ќе видиме уште подобар натпревар во вториот дел, бидејќи Барселона ќе мора да оди на гол доколку сака бодови од овој натпревар.