Тајмаут
Видео: Скандалозна забава на девојки на фудбалери во Катар
Пијани и голи скокнале во базен, пиеле алкохол на вишок!

Фудбалерите на Велс уште по првата фаза и натпреварите по групи го завршија настапот на Мундијалот во Катар како последни во групата Б , а куферите ќе ги пакуваат и нивните среќни и „луди“ „понежни половини“.

Девојките и сопругите на фудбалерите на Велс за време на турнирот најмногу времето го поминувале пиејќи алкохол и пливајќи во базен, како и правејќи забави кои станале повеќе од скандалозни по консумирањето на разни алкохолни пијалоци.

Сега тие се враќаат директно во Велс каде ги очекуваат исклучително негативни коментари од јавноста.
Сестрата на Хари Вилсон, Ени Вилсон е снимена како пијана паѓа обидувајќи се да направи гимнатичка ѕвезда , додека свршеницата на Крис Мефам, Џоди Френсис е снимена како пие вотка директно од шишето !


На забавата имало дури 19 убавици, меѓу кои девојката на Дени Ворд, Ребека Нејлор, свршеницата на Мет Смит, Емили, и девојката на Ник Вилијамс, Никол Хаган.

Велшките фудбалери дефинитовно се разочарани од натпреварите во Катар, но нивните поубави половини сигурно се задоволни од престојот .