Фудбал
ВИДЕО: Скромниот фудбалер на Њукасл и се одмазди на арогантната ѕвезда на Сити која го исмејуваше
Њукасл Јунајтед и Манчестер Сити на „Ст. Џејмс Парк“ одигра фантастичен натпревар со шест гола. Конечниот резултат гласеше 3:3.
Дополнителна мотивација имаше Мигел Алмирон. Парагваецот беше предмет на бизарни критики од Џек Гралиш за време на прославата на титулата во Премиер лигата на Сити.
Грилиш разговараше за епскиот кам-бек на Сити против Астон Вила на последниот ден од сезоната за да ја освои титулата, бидејќи Граѓаните дојдоа од 0:2 дојдоа до победа од 3:2.
Англичанецот изјави дека една од најдобрите одлуки на Пеп Гвардиола во текот на натпреварот била да го извади Махрез. Потоа непотребно го спореди алжирското крило со Алмирон.
Тој рече: „Ријад (Махрез) го извади од игра што е можно поскоро… играше како (Мигел) Алмирон“.
Jack Grealish saying that Mahrez should have been taken off because he was playing like Almiron. #NUFC
pic.twitter.com/bfJHyw1iyM— DailyNUFC (@DailyNUFC_) May 23, 2022
Грилиш не настапи на натпреварот на „Сент Џејмс Парк“ во неделата поради повреда, додека Алмирон беше во стартниот состав и го постигна првиот гол за Њукасл при ремито.
Алан Сен Максимин ја нафрли топката, а Алмирон со бутот го смени правецот на топката во мрежата, па следуваше големо славје со навивачите.
По натпреварот, Алмирон ги чекаше своите пет минути и најде начин да му се одмазди на Грилиш кој претходно го исмеваше.
“Miggy can Grealish have your shirt”
🤣🤣🤣 pic.twitter.com/QXfhIxMWpl
— Football Daily (@footballdaily) August 21, 2022
На трибините забележа навивач кој носеше транспарент: „Миги, може ли Грилиш да го има твојот дрес?“.
Тој веднаш му пријде на навивачот и со насмевка на лицето му го подаде дресот бидејќи беше очигледно дека лично ги сфати зборовите на Грилиш и реши да се одмазди.