Фудбал
ВИДЕО: Соиграч на Пандев го провоцираше Роналдо, но ниту тој не остана должен
Јувентус на гостински терен во неделата ја совлада Џенова со 3:1, а два гола постигна Роналдо од пенал. Мечот го одбележа вербалната „пресметка“ помеѓу соиграчот на Горан Пандев, Матија Перин и Роналдо при изведувањето на вториот пенал. Перин му рекол „Повторно шутираш по средината“ со што сакал да го испровоцира.
Но, италијанските медиуми објавија ново видео во кое се покажува дека ниту Португалецот не останал должен. При славењето на голот Роналдо извикуваше „Каде е Перин?“ што секако на видеото може јасно да се слушне.
Mics picked up Ronaldo absolutely destroying Perin ? pic.twitter.com/vaRaL8jwN8
— Vecchia Signora Blog (@VeSiBlog) December 14, 2020