Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Срамни сцени, но Симеоне покажа зошто го викаат „лудакот“, сам тргна да се пресмета со навивачите

Срамни сцени го одбележаа пристигнувањето на Атлетико Мадрид на натпреварот од Купот на Кралот против Реал Сосиедад.

Навивачите на Реал Сосиедад некако успеаја да се одвојат полициската придружба и автобусот во кој беа играчите на Атлетико, по што настана хаос.

Автобусот бил погоден од разни предмети, искршени се неколку стакла, а очекувано настанала паника.

Прв на одбранбената линија застана Диего Симеоне. Поради неговиот карактер додека беше играч многумина го нарекуваа „лудак“ што го покажа и во средата навечер.

Откако беше скршен прозорецот до седиштето на кој седеше Аргентинецот, тој стана и сам тргна да се пресмета со домашните навивачи, но за среќа возачот не ја отвори вратата и некако беше избегнат уште поголем инцидент.

Сите случувања пред натпреварот се одразија и на случувањата на теренот, каде Сосиедад славеше сигурна победа со 2:0 и продолжи понатаму.