Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Срамота е ова „чудо“ да не игра во првиот тим на Реал Мадрид

Младиот бразилски фудбалер Винсиус Јуниор продолжува да доминира во дресот на резервите на Реал Мадрид.

Реал Б извлече бод во Виго против резервите на Селта благодарение на мајсторијата на Винсиус.

Тој во 83. минута постигна гол од слободен удар за 1:1, што беше и конечен резултат, а потоа имаше и интересна прослава на голот.

Реал го донесе Винсиус за 45 милиони евра од Бразил, но на почетокот мораше да се докажува во резервниот тим, а се очекува наскоро да добие шанса и во сениорите.

Она што го прави во дресот на Б тимот, но и младинската репрезентација на Бразил навистина е импресивно.