Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Стоунс доби директен црвен картон поради крвничкиот фаул

Published

on

Астон Вила и Манчестер Сити во моментов го играат натпреварот од 32. коло на Премиер лигата на Англија.

Астон Вила фантастично го отвори вечерашниот натпревар и успеа да поведе по само 20 секунди игра.

Домашниот тим го изненади Сити со акција на самиот почеток кога Воткинс го ангажираше Мекгин кој ја погоди мрежата на гостите за 1:0.

Сепак, Манчестер Сити успеа да стигне до пресврт до крајот на првото полувреме. Во 22. минута гостите одиграа фантастична акција, а голот за 1:1 го постигна Фонден.

Граѓаните дојдоа до целосен пресврт во 40. минута. Бернардо Силва го ангажираше Родри кој ја затресе мрежата на Астон Вила за 2:1.

Но, четири минути подоцна ладен туш за гостите. Стоунс крваво го зеде Рамзи за што судијата прво му даде жолт картон. Но, тогаш тој погледна во снимките на ВАР, се предомисли и оправдано му покажа директен црвен картон на Стоунс.

Несовесниот потег на стоперот на Манчестер Сити можете да го погледнете ТУКА.

Facebook