Connect with us

Други спортови

ВИДЕО: Страшен судир меѓу Ботас и Расел во Имола, а потоа и расправија и покажување на среден прст

Published

on

Трката за Големата награда на Италија, која се вози во Имола, накратко беше прекината по инцидентот во 34. круг.

Веќе знаевме дека во Имола нè чека многу возбуда на денешната трка поради дождот што започна да паѓа неколку часа пред почетокот.

На самиот старт видовме одличен старт на Верстапен кој успеа лесно да ги престигне Перез и Хамилтон и да избие на првото место.

Но, видовме тотален хаос во 34. круг на оваа трка. Прво, голема грешка направи Хамилтон, кој излета од патеката и успеа да се врати со многу проблеми, но тој го оштети предниот дел од болидот.

Кога камерите беа насочени кон Хамилтон и неговото враќање на патеката, се случи нов инцидент, кој ги принуди челниците на Формула 1 да го кренат црвеното знаме и да ја прекинат трката.

Имено, Валтери Ботас и Џорџ Расел имаа тежок судир, а делови од нивните автомобили беа расфрлани на патеката.

Првите слики беа застрашувачки, но за среќа Ботас и Расел поминаа без повреди. Двајцата велат дека не се виновни за оваа страшна несреќа, но јасно е дека едниот направил грешка.

Расел му пришол на Ботас веднаш откако излегол од автомобилот за да му каже дека тоа е негова вина, а возачот на Мерцедес го покажал средниот прст кон него поради тоа.

Трката на кратко беше прекината за да се исчисти патеката.

 

Facebook