Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Судијата два пати покажа црвен картон на голманот на Бразил, но сепак го одигра мечот до крај

Бразил и Еквадор одиграа 1:1 во квалификациите за пласман на СП. Имаше два црвени картони на овој меч, Домингез кај Еквадор и Емерсој Ројал кај Бразил. Но, интересно е тоа што судијата два пати му покажуваше црвен картон на голманот на Бразил, Алисон кој сепак го одигра целиот меч. Причина за ова е ВАР собата. По прегледување на снимките, судијата два пати го поништуваше црвениот картон кој го покажуваше на Алисон.