Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Татко тренер, а синот во 89-та дава гол за победа, непроценливо!

Порто е лидер во Португалија, но Спортинг Лисабон во „дише во врат“. Има 47 бодови, а ривалот 44. Бодовната разлика ќе беше помала доколку синоќа мечот завршеше 2:2. Но, сепак победата Порто на гостувањето кај Есторил ја обезбеди во 89-та минута од мечот, по што следуваше ерупција од радост. Интересно е тоа што победничкиот гол го постигна 19 годишниот Франциско Консеисао. А, радоста на тренерот на Порто беше огромна. Две причини, заради победата и задржување на предност во однос на ривалот, но онаа втората, уште поголема што стрелецот на голот е негов син. Како што знаете тренер на Порто е Сержо Консеисао кој имал успешна кариера и освен за Порто, настапувал за Парма, Интер, Лацио.

Реклама

Facebook

Реклама