Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Тензии на тренингот на Реал – Рамос ги загуби живците

На Реал Мадрид никако не му оди во новата сезона, без Кристијано Роналдо и под водство на тренерот Јулен Лопетеги.

Кралевите во Ла Лига нанижаа четири натпревари без победа, од кои во три веа поразени.

Последниот пораз (1:2) дојде во саботата на „Сантијаго Бернабеу“ од Леванте, а на овој натпревар Кралевите барем успеаа да постигнат гол, а тоа е нашто што не им тргна од рака во претходните три првенствени натпревари.

Јасно е дека расположението во кампот на Реал не е најдобро, а живците ги губат и оние најискусните. Така на тренингот дојде до конфликт помеѓу капитенот Серхио Рамос и неговиот имењак, младиот бек Серхио Регуилон.

Регуилон во текот на една вежба за малку не го удри и  повреди Рамос, па капитенот на Реал реагираше така што топката со сета сила ја шутна во неговиот помлад соиграч.

Страстите набрзо се смирија, но Рамос очигледно беше многу лут на 21-годишниот Регулион, па после неколку минути повторно топката ја шутна во младиот бек.