Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Тешко е да се опише со зборови – Центарот на Загреб по голот на Вида

Хрватска е во полуфиналето од Светското првенство. „Ватрените“ со тешки маки ја совладаа Русија и сега за место во финалето ќе се борат против Англија.

По 1:1 во регуларните 90 и 2:2 после 120 минути, победникот во четврт финалниот дуел го одлучиа пеналите.

Русите не ја задржаа сталоженоста, а одлучувачкиот пенал за Хрватска го шутираше Иван Ракитиќ.

Ракитиќ беше сигурен како и против данска, а откако топката ја помина гол линијата следуваше големо славење во Загреб.

Во центарот на главниот град на Хрватска беше организирано следење на натпреварот со Русија, а посебно емотивен момент беше моментот кога во првото продолжение Вида ја доведе Хрватска во водство од 2:1.