Фудбал
ВИДЕО: Типично за Диего Коста – Погледнете зошто беше исклучен во 97. минута
Во средината на септември, Диего Коста, 33-годишниот поранешен напаѓач на Атлетико Мадрид и Челзи, потпиша едногодишен договор со Вулверхемптон како слободен играч. Од него се очекуваше многу, но по шест одиграни натпревари во Премиер лигата се уште го чека првиот гол или асистенција. Ќе почека уште некое време бидејќи се соочува со суспензија поради заработениот црвен картон.
Диего Коста заслужи да биде исклучен во седмата минута од судиското продолжение на гостувањето кај Брентфорд на неговиот тим, откако намерно го удри со глава Бен Ми, кој го постигна голот со кој му донесе водство на Брентфорд во 50. минута.
Целата ситуација можете да ја погледнете тука.