Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Три пати по ред за Сити, за Гвардиола 29-ти во кариерата

Манчестер Сити вечерва ја совлада Астон Вила со 2:1 и го освои Лига Купот. Трет пат во низа ова им успева на „Граѓаните“. Сити освои пет финалиња од последните седум одиграни во ова натпреварување. Од друга страна, пак, овој пехар беше 29-от во кариерата за Пеп Гвардиола со тимовите на Барселона, Баерн Минхен и Манчестер Сити.