Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Целата убавина на фудбалот на едно место, Ливерпул „падна“ во Лондон

Прекрасен фудбалски меч, со сето она што е потребно за една одлична фудбалска претстава, одиграа Вест Хем и Ливерпул. На крајот популарните „Чекани“ славеа со 3:2.

Првиот гол оди на душа на голманот на Ливерпул, Алисон кој по корнерот реагираше почетнички, па ја затресе сопственара мрежа. Сето ова се случуваше во 4-та минута од мечот, но израмнувањето стигна во 41-та, кога Александре Арнолд беше прецизен.

Во второто полувреме, Вест Хем поконкретен, па поради тоа дојде до водство од 3:1. Во 67-мата погоди Форланс, а во 74-та Зоума. Поразот за Ливерпул го ублажи Ориги во 83-тата минута.

За Ливерпул ова е прв пораз во оваа сезона, со што „падна“ на четвртото место со 22 бодови, додека Вест Хем се искачи едно место пред нивниот денешен ривал, поточно на 3-та позиција со 23 бодови.