Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Циркус на англиски судија во ЛШ, исклучи играч, па пота на реакција на колегите, ја смени одлуката

Англискиот судија Ентони Тејлор ја делеше правдата на мечот од ЛШ помеѓу Динамо Киев и Бенфика (0:0). На овој меч тој исклучи играч на тимот од Киев, но не требало да го стори тоа.

Веројатно Тејлор нешто погрешно „пресметал“, па втор жолт картон покажа на Денис Гармаш, кој немаше прв жолт картон.

Иако украинскиот фудбалер по почетниот шок се обиде да ја објасни ситуацијата на искусниот судија дека не треба да го напушти теренот, сепак Тејлор делуваше самоуверено. Јасно му го покажа патот кон соблекувалната, на фудбалерот кој остро стартуваше врз Жоао Марио.

За среќа, судијата ја поправи одлуката пред Гармаш да го напушти теренот. Се чини дека влијание на одлуката имале неговите колеги, кои го информирале дека играчот кој го исклучил претходно немал жолт картон..

 

 

Facebook