Фудбал
ВИДЕО: Турчин со пиштол пукаше во телевизорот по пеналот на Јилмаз!
Турските репрезентативци синоќа во Лисабон чесно ја измачија Португалија која на крајот и со малку среќа се пласираше во финалето на баражот каде ја чека Македонија.
Португалците по првото полувреме имаа големи 2-0, но гостите покажаа колку можат да бидат незгодни.
Најпрво во 65. минута, по одличната асистенција на Ченгиз Ундер, предноста на домашните ја намали Бурак Јулмаз, а искусниот напаѓач на Лил 20 минути подоцна можеше да се прослави и да им донесе израмнување на Турците од белата точка. Сепак, неговиот удар заврши над пречката и практично сите надежи на гостите беа згаснати.
Turkish fan after missing a penalty against Portugal 😳😳
#WorldCup pic.twitter.com/bYawKp2Vj2
— عمر ( رد متابعه ) (@unomre22) March 25, 2022
Додека Јилмаз се подготвуваше да го изведе пеналот, турските навивачи нестрпливо го очекуваа исходот од овој удар, а видеото од еден од нив стана вирално.
На споменатата снимка се гледа како еден навивач пука во телевизорот откако напаѓачот на неговиот тим пропушти голема шанса да израмни. Исходот од пеналот го очекуваше со вперен пиштол во екранот, а откако Јилмаз ја испрати топката над голот, употреби и огнено оружје.