Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Турците организираа хуманитарен натпревар за жртвите од земјотресот, а таму – ОПШТ ХАОС

Турците организираа хуманитарен натпревар за настраданите од земјотресот, се сретнаа клубовите од пониска класа Коџаелиспор и Сакаџијаспор, па наместо убава порака поради тешката ситуација во државата, се виде општа тепачка меѓу навивачите.

„Иста боја сме, заедно да ги залечиме раните“, беше слоганот на овој хуманитарен натпревар на кој присуствуваа 17.500 луѓе, а чии приходи од продажба на билети се наменети за жртвите од земјотресот.

Се беше идилично на почетокот, се чинеше дека хуманитарната акција ќе успее и дека ќе се испрати убава слика од стадионот.

Сепак, за време на натпреварот настана целосен хаос. Дошло до тепачка меѓу навивачите на Сакаријаспор, па морала да интервенира и полицијата. Еден од навивачите на овој клуб дури истрча на теренот и на шега ги испровоцира противничките навивачи пред нивните трибини, па настана уште поголем хаос.

Натпреварот заврши по паузата, а Сакаријаспор победи со 2:0.