Connect with us

Тајмаут

ВИДЕО: Убава одбојкарка ја жртвуваше кариерата за да позира за Плејбој

Американската одбојкарка Кајла Сајмонс мораше да ја жртвува спортската кариера поради провокативните фотографии кои ги објави на социјалните мрежи.

Симонс успешно се натпреваруваше за Универзитетот Маршал во NCAA лигата, но поради нејзините облини привлече големо внимание и беше прогласена за најубава одбојкарка.

„Ме исфрлија од тимот затоа што објавив непристојни слики. Ме замолија да го избришам профилот од социјалните мрежи“, открила девојката.

Одбојкарката реши да не го брише профилот и стана успешен фотомодел, па на социјалните мрежи веќе има околу 800.000 фанови, а во јули се фотографираше и за Плејбој.