Фудбал
ВИДЕО: Унаи Емери сакаше да се тепа со тренерот на противничкиот тим
Виљареал и Гранада одиграа меч без победник (2:2) во средбата од 19.коло од шпанската Ла Лига. Трагичар на мечот беше напаѓачот на „Жолтата подморница“ Пако Алкасер кој во судиското продолжение промаши пенал.
Но, по мечот повеќе се зборуваше за конфликтот помеѓу двата тренера. Унаи Емери и Диего Мартинез имаа жестока расправија по мечот. Имаше тука и тешки зборови, малку физички контакт, вистинска среќа што не дојде до физичка преметка.
Очигледно дека на тренерот на Виљареал му пречеше начинот на игра на Гранада. Го критикуваше Мартинез, кој сепак не остана должен на навредите.
No comments. pic.twitter.com/6VrxaxWRUH
— Cami Mudarra (@camimudarra) January 20, 2021