Тајмаут
ВИДЕО: Урнебесно, репортер во јавување во живо наместо Сити го нарече клубот „Шити“
Репортерот на Скај Спорт Гери Котерил, направи бизарна грешка во текот на јавувањето во живо од тренинг центарот на Тотенхем. Имено, тој известуваше за напаѓачот Хари Кејн, кој како што е познато инсистира на трансфер во Манчестер Сити.
Sky sports reporter Gary Cotterill has accidentally called Manchester City ‘Manchester Shitty’ ??????? pic.twitter.com/hpY0rXNnoG
— Devils of United ? (@DevilsOfUnited) August 3, 2021
Е, сега, репортерот наместо Сити, рече „Шити“ или, а во превод од англиски на македонски сите добро знаат што значи тоа.
Ова негово јавување во живо стана хит на социјалните мрежи, а особено меѓу навивачите на останатите англиски клубови, ривали на Манчестер Сити.