Connect with us

Тајмаут

ВИДЕО: Уште еден пијан испад на ѕвездата на Манчестер Сити

Уште еден пијан испад на ѕвездата на Манчестер Сити Џек Гриниш излезе на виделина. На социјалните мрежи се појави видео на кое англискиот репрезентативец едвај стои на нозе, додека други луѓе му помагаат да застане исправено. Најверојатната причина е што повторно е пијан.

На видеото во близина на Гриниш може да се видат и неговите соиграчи Ријад Марез и Кајл Вокер. Не е јасно кога е направена снимката.

Пред две години, играчот од средниот ред повторно се предозирал со алкохол, дури и предизвикал несреќа за време на заклучувањето. Во 2015 година, Гриниш беше отстранет од Астон Вила откако се опијанил во дискотека.