Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Уште еднаш можевме да видиме каква е машината во Ерлинг Халанд

Борусија од Дортмунд се пласираше во полуфиналето на ДФБ Купот откако вчера на гостински терен го совлада истоимениот клуб во Менхегладбах со 1:0.

Единствениот погодок на овој натпревар го постигна Џејдон Санчо во 66. минута, а во гол-акција уште еднаш видовме каква машина е Ерлинг Халанд.

Нереалниот напаѓач на Борусија дојде од неговиот шеснаесетник со фантастичен спринт кон противничкиот гол, а притоа одигра и додавање што му претходеше на асистенцијата на голот.

Санчо реши самиот да заврши сè, иако можеше да го проигра Халанд, но норвешкото чудо уште еднаш покажа каква машина е на теренот.