Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Утрински тренинг во Амстердам, Пандев одмара поради повреда

Во ветровито и облачно време македонската фудбалска репрезентација се подготвува на тренинг центарот на Ајакс во Амстердам.

Како што информираа од стручниот штаб, Пандев и под инјекции го одиграл дуелот со Украинците, но поради повредата денеска доби одмор за тренингот во тренинг-базата на Ајакс.

Лекарската екипа прави се што може да го оспособи Гоче за настап со оглед на тоа што истиот може да биде негов последен во репрезентацијата, ама и во кариерата.