Фудбал
ВИДЕО: Ваква глума и тркалање по теренот го може само Нејмар, но и голманот на Лион
ПСЖ не е повеќе лидер во француската лига. Лион славеше во дербито на колото како гостин со 1:0. Ова беше четврти пораз за „Светците“ во оваа сезона.
Во моментов Лил и Лион имаат 29 бодови, додека ПСЖ 28.
Покрај победата од 1:0, момент кој го одбележа овој меч, но и нешто што е хит на социјалните мрежи е глумата на голманот на Лион, Лопез.
Имено, тој во 71 минута по контакт со соиграч, откако Нејмар го турна, се тркалаше низ теренот, а да не беа рекламите зад голот, веројатно ќе продолжеше да се тркала до трибините.
На вакво нешто може да му позавиди и самиот Нејмар кој при една ваква ситуација стана хит на интернет.