Фудбал
ВИДЕО: ВАР му „украде“ гол на македонски фудбалер
Анталијаспор и Фенербахче вчера одиграа фантастичен меч со четири постигнати голови, неколку жолти и еден црвен картон.
Во домашниот тим „пожолте“ и македонскиот интернационалец Адис Јаховиќ. Тој ја затресе и мрежата на противникот во 60-тата минута при резултат 2:1 во корист на Анталија и зголеми на 3:1. Сепак, неколку секунди подоцна неговиот гол беше поништен откако беше прегледана ВАР снимката и откако беше утврдено дека Јаховиќ беше во минимален офсајд.
Потоа Фенербахче постигна гол и мечот на крајот заврши 2:2. Јаховиќ остана на бројката 13 голови во оваа сезона.