Фудбал
ВИДЕО: Вардар го доби „братското дерби“, но „Војводи“ и „Комити“ приредија заедничка фешта во Тетово
Вардар како гостин го доби „братското“ дерби во Втората лига против Тетекс со 3:0. Стрелци на головите Петковски, Керим и Дејан Блажевски. Но, она што привлече големо внимание е заедничкото навивање на двете навивачки групи „Војводи“ и „Комити“ кои во Тетово направија заедничка фешта. Со оваа победа Вардар се искачи на третото место на табелата со 14 бодови, додека Тетекс со 11 е на петтото место.
#Комити во #Тетово pic.twitter.com/RiytkW9WLR
— Ex-Aerodromec (@exdromec) October 23, 2021