Фудбал
ВИДЕО: Венеција му откина бод на Јувентус, најтрофејниот италијански клуб повторно под своето ниво
Во 17. коло од Серија А, Јувентус ремизираше 1:1 на гостувањето кај Венеција. Гостите беа подобар ривал во првото полувреме, а како награда стигна водечкиот гол на Мората во 32. минута. ВАР го провери голот за потенцијална игра со рака, но судијата покажа на центарот и Шпанецот можеше да слави.
Во вториот дел домаќинот успева да израмни. Стрелец на голот за Венеција во 55. минута беше Араму.
Венеција одигра трпелива акција, а Араму ја заврши акцијата со убав удар од работ на шеснаесетникот.
Јувентус моментално е на шесто место со 28 бодови, шест бодови помалку од Аталанта која е на 4-та позиција која води во Лигата на шампионите.
Од друга страна, за Венеција овој бод е исклучително важен во борбата за останување во лигата. Моментално се на 16. позиција со исто толку бодови.