Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Венеција зеде играч од Баерн Минхен

Венеција потпиша со играчот од средниот ред Мајкл Кујсанс од шампионот во Бундеслигата, Баерн Минхен до јуни 2025 година, соопштија двата тима.

22-годишниот Французин Кујсанс ја чини Венеција од 3 до 5 милиони евра, плус бонуси.

Французинот беше доведен во Баерн во 2019 година за 10 милиони евра од Борусија Менхенгладбах, но за нив учествуваше на само 13 натпревари и минатата сезона беше на позајмица во Олимпик Марсеј.