Connect with us

Други спортови

ВИДЕО: Верстапен се пресмета со Окон по трката

Естеба Окон направи скандалозен потег на вчерашната трка за Големата награда на Бразил.

Тој кон средината на трката уништи се’ за Макс Верстапен кој се приближуваше кон сигурна победа. Верстапен беше лидер пред Хамилтон, но неверојатниот Окон, кој заостануваше за цел круг, се обиде да се трка со Холанѓанецот па во таа прилика се судриа и го исфрли од трката.

Верстапен за среќа успеа да се врати на стазата, но ја изгуби првата позиција и на крајот мораше да се помири со другата скала на победничкиот подиум.

По трката холандскиот возач влезе во боксот и сакаше физички да се пресмета со Окон, но на крајот само два три пати го оттурна и тука се’ се заврши.