Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Виновникот за голот на Парма – Кристијано Роналдо го штитеше лицето додека беше во живиот зид

Published

on

Фудбалерите на Јувентус во моментов го играат 32. коло од Серија А на домашен терен против Парма.

Јувентус не е во најдобра форма оваа сезона, поради што речиси сигурно ќе останат без Скудетото по девет години доминација.

Сепак, Старата дама е дури и под знак прашалник дали ќе се пласираат во Лигата на шампионите, бидејќи до крајот на сезоната ќе имаат борба за местото кое води во ова натпреварување.

Јувентус ниту вечерва не го отвори натпреварот многу добро. Парма дојде во Торино да се надигрува бидејќи очајно им требаат бодови во борбата за опстанок.

Гостите успеаа да поведат со 1:0 во 25 минута. Бругман постигна прекрасен гол од слободен удар, но сите погледи беа свртени кон Кристијано Роналдо после тоа.

Имено, многумина веруваат дека Роналдо е виновен за голот затоа што ја спушти главата за да не го погоди топката, а таа заврши во мрежата на Буфон.

Ова не е првпат Роналдо оваа сезона да направи грешка во живиот зид. Тоа го чинеше испаѓање на Јувентус од Лигата на шампионите кога Роналдо против Порто исто така направи грешка при слободен удар по кој противникот постигна гол.

Сепак, сега навивачите на Јувентус се многу вознемирени што Роналдо го заштити лицето и воопшто не виде каде оди топката.

Facebook