Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Во модерниот фудбал се е можно, „постигна“ гол откако излезе од игра

Сампдорија ја совлада Џенова синоќа со 3:1 во локалното дерби. Јунак на триумфот е Маноло Габијадини, кој постигна два гола, а дека во модерниот фудбал апсолутно се е можно покажува и сцената од 69. минута.

Габијадини шутираше кон голот и топката со помош на играчот на Џенова Ванхеузен заврши во мрежата за предност од 3-0.

Но, тој гол беше поништен од страна на судијата поради наводниот офсајд, а Габијадини ја напушти играта и чекаше расплет на ситуацијата покрај теренот.

Две минути подоцна судијата покажа на центарот. Тогаш Габијадини почна да го слави голот на клупата за резервни играчи.