Други спортови
ВИДЕО: Водителка го удри Ѓоковиќ во сред емисија
Новак Ѓоковиќ е на чекор да го освои Австралија Опен, а во финалето го чека Доминик Тим. Најдобриот српски тенисер во пресрет на овој меч гостуваше во емисија кај Матс Виландер и Барбара Шет кои секојдневно прават анализи за турнирот во Мелбурн.
Се уште не тргнала програмата, а водителката ја подготвуваше најавата за емисијата, вежбајќи да каже „Добредојдовте во Гем, Шет и Матс“. На Ѓоковиќ ова му изгледаше симпатично, се смееше, по што водителката го удри. Сето тоа беше забележано на камерите.