Connect with us

Тајмаут

ВИДЕО: Возеше 160 километри на час, во една рака кафе, во друга мобилен, клубот му врачи отказ

Иако важеше за еден од подобрите таленти, кој поникна од школото на Џенова, сепак кариерата на Раул Асенсио е на добар пат да го допре дното. Имено, шпанскиот второлигаш Алкорон му врачи отказ откако фудбалерот се снимаше додека вози 160 километри на час по автопат, а во едната рака држи кафе, во другата мобилен. Поради ова се најде на насловните страници во Шпанија. Негов менаџер инаку е контроверзниот Мино Рајола, а самиот фудбалер води бурен живот, секако главна опсесија му се бесни автомобили.