Фудбал
ВИДЕО: За малку сензација, Реал Мадрид губеше со 2:0, но сепак на крајот се спаси!
За малку сензација. Реал Мадрид иако губеше со 2:0 на домашен терен од Елче, сепак на крајот се спасија од пораз и извлекоа реми, бидејќи мечот заврши 2:2.
Резултатот можеше да биде поинаков доколку Карим Бензема во 33 минута го реализираше пеналот. Казната за промашувањето дојде во 42 минута кога Боје постигна гол за Елче и тоа во првиот шут во рамките на голот на Тибо Куртоа.
Иако доминираа во второто полувреме, сепак Реал Мадрид дури во 82-та минута ја затресе мрежата на Елче преку Модриќ. Спасителот на „Кралевите“ беше Милитао во втората минута од судиското надополнување.
,